Top Sport

Брегалница се засили со репрезентативец на Уганда

Македонскиот прволигаш Брегалница за претстојната сезона се засили и со репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива. 26-годишниот Лвалива ќе ја засили централната дефанзивна позиција во тимот.

Лвалива доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони и е капитен на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи. Со Виперс бил и постојан учесник и во Купот на африканските шампиони.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со левиот бек Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, дефанзивецот Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Scroll to Top