Фудбалерот на Барселона, Мартин Брејтвајт, ќе мора со операција да го реши проблемот што го има со левото колено.
Шпанските медиуми, објавија, дека обидот тој да се лекува со конзервативни методи, не дал резултат. Во наредните денови, Брејтвајт ќе биде опериран.
Откако ќе му биде извршена операцијата, ќе биде направена проценката колкава пауза го очекува. Првичните прогнози се дека ќе паузира до крајот на годината.
Данскиот репрезентативец се повреди на натпреварот со Хетафе, воочи репрезентативната пауза.
Повредата на Брејтвајт претставува голем проблем за Барселона. Од напаѓачите, тренерот Куман сега на располагање го има само Лук Де Јонг, кој пред неколку дена официјално пристигна на „Ноу Камп“.