Top Sport

Брејтвајт во Барса – има поголема клаузула за откуп од Нејмар

Мартин Брејтвајт официјално е играч на Барселона. Изминатите 18 месеци 28 годишниот Данец настапуваше за Леганес. Во тековната сезона тој постигнал шест гола за екипата од Мадрид.

Барселона за трансферот на Брејтвајт на Леганес им платила 18 милиони евра, колку што изнесувала клаузулата за откуп во неговиот договор.

„Фудбалерот со Барселона ќе ќе потпише договор до јуни 2024 година. Клаузулата за откуп ќе изнесува 300 милиони евра“, ја извести јавноста Барселона.

Ова значи дека Брејтвајт има поголема откупна клаузула од онаа која ја имаше Нејмар додека го носеше дресот на Барселона. За потсетување Нејмар замина од Барселона кога ПСЖ ја платија клаузулата од 222 милиони евра.

Scroll to Top