Top Sport

Бреме: Јунајтед се послаби од Баер и Интер

Поранешниот фудбалер на Интер, германската легенда Андреас Бреме смета дека неговиот поранешен клуб и Баер Леверкузен се фаворити за освојувањето на титулата од Лига Европа, поставувајќи ги Манчестер јунајтед како трет најсилен тим пред завршницата на натпреварувањето во Германија.

„Ѓаволите“ се надеваат на прв трофеј од 2017 година, откако во четврт-финалето ќе играат со Копенхаген вечерва, а може да играат со Интер во финалето ако продолжат со победите, бидејќи тимот на Антонио Конте игра со Леверкузен во четврт-финалето.

Бреме смета дека ако Интер ги поминат Леверкузен, тогаш се први фаворити.

„Немам сомнеж, главен фаворит е Интер. ’Нераѕурите’ имаат одичен тим, иако Баер Леверкузен се силни со Хаверц во тимот. Кој ќе го добие овој меч има голема шанса за трофејот. Полуфиналето против Шахтјор Доњец или Базел е полесно, а од другата страна мислам дека Манчестер јунајтед ќе влезе во финалето, но Баер и Интер се посилни од нив“, вели Бреме во интервју за „Ла газета дело спорт“.

ЛИГА ЕВРОПА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Интер – Баер Леверкузен, вечерва, 21.00 ч.

Манчестер јунајтед – Копенхаген, вечерва, 21.00 ч.

Шахтјор Доњецк – Базел, утре, 21.00 ч.

Вулверхемптон – Севилја, утре, 21.00 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ

Интер/Баер – Шахтјор/Базел, недела, 21.00 ч.

Ман јунајтед/Копенхаген – Вулфс/Севилја, понеделник, 21.00 ч.

Scroll to Top