Фудбалерите на Брентфорд ја испуштија шансата да дојдат на чекор до историскиот пласман во Премиер лигата.
На Брентфорд им беше потребен бод во Стоук за да дојдат на чекор до елитата, меѓутоа тие беа поразени со 1:0. Единствениот гол го постигна Ли Грегори во 38 минута.
Доколку освоеја еден бод во Стоук, фудбалерите на Брентфорд ќе беа втори на табелата, пред ВБА. Вака, со поразот тие имаат бод помалку од ВБА, а титулата во Чемпионшип дивизијата ја освои Лидс Јунајтед.
Во последното коло ВБА ќе го пречека Квинс Парк Ренџерс, додека Брентфорд ќе игра против Барнсли.
Брентфорд ќе чекаат уште еден кис на ВБА, доколку до него не дојде пласман во Премиер лигата ќе бараат преку плеј-офот.