Англискиот премиерлигаш Брентфорд го купи данскиот репрезентивец Микел Дамсгард од Сампдорија, давајќи му петгодишен договор на 22-годишното крило. Брентфорд ќе платат околу 15 милиони евра за трансферот.
„Микел е според мене типичен играч за Брентфорд. Млад играч со голем потенцијал за иднин. Немаше среќа со повредите, но е фудбалер со големи вештини кој соврешено ќе се вклопи во нашиот тим“, вели менаџерот на Брентфорд, Томас Франк.
Дамсгард, кој дојде во Сампдорија во јули 2020 и имше 49 настапи и 2 гола за италијанскиот клуб е петто засилување за Брентфорд во преодниот рок по Бен Ми, Арон Хики, Кин Луис-Потер и Томас Стракоша.
What you’ve all been waiting for ? ? ?
?#BrentfordFC pic.twitter.com/nypYQrDTZt
— Brentford FC (@BrentfordFC) August 10, 2022