Top Sport

Бреша го отпушти и четвртиот тренер оваа сезона

Масимо Челино, контроверзниот претседател на италијанскиот второлигаш Бреша, повторно го покажа својот темперамент, откако го отпушти тренерот Давиде Диониџи само две недели откако тој потпиша договор со нив.

Челино, кој претходно го покажуваше својот карактер како газда на Каљари и Лидс, реши да го отпушти Диониџи по четири порази во низа во Серија Б и големите протести на фановите на клубот и сега ќе бараат петти тренер во 2020/21.

Бреша, која минатата сезона испадна од Серија А, ја започна сезоната со Луиџи Делнери како тренер, но тој издржа само два меча пред да биде отпуштен на 6 октомври. Диего Лопез, кој претходно си замина од клубот во август, се врати на клупата и остана 9 меча пред да биде отпуштен на 7 декември. По ова, Даниеле Гасталдело беше преоден тренер еден меч, пред Диониџи да добие работа на 10 декември и тој остана само десет меча на клупата на клубот од Ломбардија.

Бреша се на 13. место на табелата во Серија Б.

Scroll to Top