Фудбалскиот клуб Бреша и теоретски обезбеди пласман во најсилниот ранг во италијанскиот фудбал. Бреша по пауза од осум години повторно ќе игра во Серија А.
На две кола до крајот на сезоната во Серија Б, Бреша води на табелата со 66 бода, има три бода повеќе од Лече и седум од Палермо.
Бреша во рамките на 36 коло забележа победа над Асколи 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Даниеле Досена во 36 минута.