Top Sport

Бреша втор пат го отпушти Корини

Еугенио Корини повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Бреша. Пред почетокот на претпладневниот тренинг играчите биле известени дека тренерот добил отказ.

„Бреша реши да го смени главниот тренер. Им благодариме за професионалноста и посветеноста во работата на господинот Корини и неговиот тим“, објави клубот.

Интересно Бреша втор пат од почетокот на сезоната го отпушта Корини. Тој доби отказ во ноември минатата година, на клупата го наследи Фабио Гросо, но само по два натпревари клубот го врати Котрини на функцијата.

Како нов тренер на Бреша се споменува Диего Лопез.

Scroll to Top