Top Sport

Бреша вторпат го отпушти Корини, Диего Лопез е нов тренер

Бреша официјално го именуваше Диего Лопез како нов тренер, откако го отпушти Еугенио Корини по вторпат оваа сезона, иако во саботата преку соопштение „категорично ги демантираше“ шпекулациите за смена на тренерот.

Корини веќе беше отпуштен на 3 ноември, но беше вратен на 2 декември откако неговата замена Фабио Гросо ги загуби трите натпревари на кои беше на чело со 0:10 гол-разлика. Под Корини резултатите беа малку подобри на стартот, но во последните шест меча тие освоија само два поени за да се заглават на последното место на табелата.

Уругваецот Лопез беше слободен тренер откако заврши неговиот договор со Пењарол во декември, а претходно беше поврзуван со местото во Џенова. Лопез работеше со претседателот на Бреша Масимо Челини како фудбалер и тренер во Каљари.

Scroll to Top