Иако Серхио Агуеро е запечатен во историјата на Манчестер сити како рекорден голгетер, градот на северот на Англија бргу заборави на Аргентинецот по неговиот трансфер во Барселона, откако градскиот совет на Манчестер реши да го отстрали муралот кој со години беше на една зграда.
На муралот е покажан моментот од крајот на сезоната во 2012, кога Агуеро постигна гол во судиското надополнување за 3:2 победа над Квинс парк ренџерс и освојување на првата премиерлигашка титула пред лутиот градски ривал Манчестер јунајтед.
Муралот се појави набргу на зградата и на него стоеше порака: „Ова секогаш ќе биде твој град (Сити)“. Можеби требаа да додадат: „додека не направиш трансфер во Барселона“.