Алберто Брињоли од анонимен голман на најслабиот италијански прволигаш, во еден викенд стана вистинска сензација во Италија и кај љубителите на фудбалот.
И, причината не е во некоја бравурозна одбрана, туку во голот кој го постигна во 94. минута од мечот против Милан за израмнување 2:2 и за прв поен на Беневенто во Серија А. Голманот вели дека вниманието е неверојатно.
„Не можам да ви кажам колку пораки добив. Пред натрпеварот имав 5.000 или 6.000 следбеници на Инстаграм, сега имам 32 илјади! Кога влегов во шестнаесетникот на Милан, голот ми се појави пред очи 10 секунди пред да го постигнам. Како да играв на Плејстејшн. Прво го видов во главата, а потоа во голот. Не ја видов топката бидејќи гледав на другата страна. Дадов гол со темето“, вели Брињоли, кој во Беневенто е како позјамен играч Јувентус.
Брињоли вели дека најмногу жал му било за Џиџи Донарума, но не и за тренерот на Милан, Џенаро Гатузо.
„Гатузо секако беше разочаран, бидејќи тоа се случи во 95. минута. Жал ми е за Донарума бидејќи и јас сум голман. Еден ден ќе им кажувам на моите деца дека постигнав гол против Милан. За 10 години ќе зборуваме за Џиџио како што сега зборуваме за Буфон, кој исто така ми е колега. Можеби зборот колега е претеран, но тренирав со него ова лето, бидејќи сум играч на Јувентус. Дали ќе станам напаѓач? Не, не знам да трчам“, додава Брињоли.
Во исто време, дел од фановите на Беневенто, објавија видео на кое го „предвидуваат“ голот на Брињоли од трибините на нивниот мал стадион „Чиро Вигорито“.
Brigata Brignoli95 pic.twitter.com/qOAizdZpAC
— ilBaba (@baba_cn69) December 3, 2017
Голманот даде гол, Беневенто освои поен против Милан (видео)