Фудбалската репрезентација на Мароко по пауза од две децении повотрно ќе игра на едно светско првенство. Мароко во решавачкиот меч гостуваше во Абиџан и славеше над Брегот на Слонова коска 2:0.
Мароко на крајот освои 12 бодови а зад нив остнаа „Слоновите“ со 8, Габон со 6 и Мали со 4 бода.
Големиот успех на фудбалската репрезентација со дивеење низ улиците на европските градови Брисел, Хаг, Лил и Амстердам го прослави мароканската дијаспора.
Најголеми инциденти предизвикале Мароканците во Брисел, каде полицијата на крајот реагирала со гумени куршуми и водени топови.
Неколку стотици Мароканци дивееле по улиците на белгиската престолнина, палеле автомобили и плачкосувале по дуќаните чии сопственици не биле муслимани.
Во судирите со повреди се здобиле 22 полицијаци.