Собранието на белгиската Јупилер лига, по вторпат, донесе одлука да се прекине сезоната во шампионатот, прогласувајќи го Клуб Бриж по вторпат за национален шампион.
Белгијците беа први во Европа кои решија дека е невозможно да се доигра шампионатот, но откако УЕФА препорача на сите европски лиги да направат сè што е можно да се доиграат првенствата, решија да ја преименуваат одлуката.
Денеска, конечно, се потврди дека Бриж ќе биде прогласен шампион и дека конечната табела е според пласманот пред паузата. Ова значи дека Беверен испаѓа од првата лига, а следната сезона ќе се игра плејоф за шампион помеѓу четирите првопласирани тимови.
Белгија е трета европска земја која го суспендира шампионатот, по француската Лига 1 и холандската Ередивизие.