Фудбалерот на Интер Марцело Брозовиќ останал без возачката дозвола откако возел под дејство на алкохол.
„Кориере дела Сера“ пишува дека полицијата го запрела фудбалерот откако тој минал на црвено светло. Брозовиќ не бил пијан но акло-тесто покажал дека во крвта има повеќе алкохол од дозволеното.
Покрај дозволата полицијата му го одзела и автомобилот „Ролс Ројс“.
Автомобилот му бил одземен поради административни проблеми бидејќи Брозовиќ го возел со германски регистарски ознаки.
Прашање е дали по овој инцидент Брозовиќ ќе биде во тимот на Интер на натпреварот со Торино.