Top Sport

Бруно Фернандеш постигна неверојатен гол и се прости со навивачите на Спортинг? (видео)

Британските медиуми веруваат дека Бруно Фернандеш веќе се прости со навивачите на Спортинг Лисабон во саботата навечер, откако тој постигна два гола при 3:1 победата над Виторија Сетубал во португалскиот шампионат и прати бакнежи до навивачите покривајќи ги своите уши.

„Дејли мирор“ смета дека ова е знак дека договорот за трансфер во Манчестер јунајтед е пред реализација, откако и претседателот на клубот беше во Англија за преговор со управата на „ѓаволите“.

Се очекува 25-годишниот Фернандеш да замине во текот на минатото лето, но Спортинг бараа 70 милиони фунти, кои Јунајтед (тогаш) не беа подготвени да ги платат. Сега, под притисок за засилувања, трансферот е далеку поизвесен.

Scroll to Top