Манчестер јунајтед се на чекор до комплетирањето на продолжувањето на договорот на Бруно Фернандеш, тврдат португалските медиуми, додавајќи дека тој ќе добие и значително зголемување на платата.
Фернандеш се промовираше во еден од најважните играчи на „ѓаволите“ откако пристигна од Спортинг Лисабон во 2020, постигнувајќи 49 гола во 117 настапи, но изненадувачки тој не беше меѓу најплатените фудбалери на клубот со плата од околу 100.000 фунти неделно.
Според „О жожо“, 27-гофишниот Фернандеш е подготвен да се обврзе на договор со кој би останал на „Олд Трафорд“ до 2027 и би добивал слична плата како Пол Погба, односно 12 милиони фунти годишно.