Top Sport

Бруно: Марсијал даде гол поради нашиот бербер

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш вели дека знаел дека Антони Марсијал ќе даде гол и ќе ја прекине лошата серија, бидејќи пред мечот со Вулверхемптон се стрижел кај берберот на „ѓаволите“.

Марсијал го постигна својот петти гол оваа сезона и прв по пет меча, за да ги предводи Јунајтед до важна 2:0 победа над Вулверхемптон во борбата за топ 4 пласман.

„Знаев дека ќе даде гол бидејќи се пострижа кај нашиот бербер. Секогаш кога ќе оди кај него, дава гол и отсега ќе го повикам берберот секој ден пред нашите мечеви, бидејќи ни е потребен ваков Антони. Тој што дава голови и што го покажува квалитетот на теренот“, вели Фернандеш.

Scroll to Top