Бруно Фернандеш го отфрли тврдењето на Кристијано Роналдо дека пристигнувањето на Роберто Мартинез како селектор донело „свеж воздух“ во португалската репрезентација.
Мартинез го замени Фернандо Сантош по разочарувачкиот настап на СП во Катар, каде што испаднаа во четврт-финалето од Мароко, и шпанскиот тренер го остави 38-годишниот Роналдо како лидер на тимот. Во двата први натпревари од квалификациите за ЕУРО 2024, Португалија го совлада Лихтенштајн со 4:0 и Луксембург со 6:0, а во двата меча Роналдо постигна по два гола.
„Ова е ново поглавје во репрезентацијата за сите. Чувствуваме добра енергија. Ова е свеж воздух“, изјави Роналдо.
Бруно не беше толкувоодушевен.
„Не, се работи само за нов тренер со нови идеи. Нема свеж воздух, туку период на транзиција. Атмосферата во репрезентацијата секогаш била добра. Никогаш немаше потреба за нешто драстично, туку само за нова динамика, нов тренер и нови идеи за игра“, вели Фернандеш.