Иако има 26 години, Бруно Фернандеш признава дека по крајот на кариерата би сакал да стане менаџер на Манчестер јунајтед.
Талентираниот фудбалер од средниот ред, кој го препороди Јунајтед последната сезона, има уште многу да покаже на фудбалскиот терен, но има и долгорочен план во кој сака да остане поврзан со својот сегашен клуб.
„Сега гледам како минува времето и деца кои се родени во 2000, 2001 или 2002 на теренот и тоа ме збунува. Се обидувам да уживам во фудбалот, но знам дека сакам да бидам тренер. Кој тим би сакал да го водам? Секако, најголемиот кој би можел е Манчестер јунајтед. Мојот цел живот е околу фудбалот, така што верувам дека и иднината ќе биде таму“, вели Фернандеш.
Тој може да добие инспирација од својот сегашен тренер, Оле Гунар Солскјер, кој освојуваше титули со Манчестер јунајтед, а сега е на чело на клубот во потера за првата титула како тренер во Лига Европа, каде што во финалето играат со Рома.