Top Sport

Брус признава дека му се наближува отказот во Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус признава дека најверојатно ќе добие отказ пред својот 1.000 меч како менаџер по комплетирањето на преземањето на клубот од богатите саудиски инвеститори.

Денеска, Премиерлигата ја потврди продажбата на Њукасл на ПИФ, јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, со што клубот од северот на Англија стана клубот со најбогати газди на светот и 60-годишниот Брус, инаку легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед, знае дека тоа најверојатно ќе значи отказ за него пред следниот меч против Тотенхем на 17 октомври. Брус го водеше Њукасл во својот 999. меч како тренер при 2:1 поразот од Вулверхемптон.

„Сакам да продолжам, би сакал да добијам шанса да покажам на новите газди што умеам, но морам да бидам реален и да прифатам дека тие најверојатно ќе сакаат нов менаџер. Новите газди секогаш сакаат нов менаџер и доволно сум искусен да го знам тоа. Но, го прифаќам и тоа. Ако не стигнам до 1.000 мечеви ќе биде тешко, но не и сурово. Ова е само фудбал“, вели Брус.

Њукасл се само 19. на табелата со една победа во 7 меча.

Scroll to Top