Фудбалерот на бразилскиот гигант Сао Пауло, Даниел Кореа Фреитас е пронајден брутално убиен во градот Сао Жозе дос Пињас во државата Парана, потврди клубот. 24-годишниот Кореа бил речиси обезглавен, а исто така бил кастриран во саботата навечер.
Според локалниот весник „Банд Б“, Фреитас е жртва на мачење, а ситуацијата била екстремно насилна.
„Од изгледот на телото се гледа тортура. Тој имаше две исеченици на вратот, отсечени тестиси“, вели изворот на весникот, кој додава дека телото го нашле случајни минувачи.
Познат како Даниел, фудбалерот од средниот ред ја почна кариерата во тимот на Ботафого, пред да се пресели во Сао Пауло во 2015 година. Последните две сезони тој играл како позајмен играч на Коритиба и Понте Прета.
O São Paulo Futebol Clube lamenta profundamente a morte do meio-campista Daniel Corrêa Freitas. O clube se solidariza e presta condolências à família do atleta.
— São Paulo FC (@SaoPauloFC) October 29, 2018
Nota de Pesar: Botafogo lamenta falecimento de seu ex-atleta Daniel Corrêa Freitas e manifesta solidariedade a amigos e familiares. https://t.co/y4Ld7WxKud
— Botafogo F.R. (@Botafogo) October 29, 2018