Голманската легенда, Џиџи Буфон, во интервју за „Скај спорт“, открил кога би можел да се пензионира. Џиџи има 43 години, но како што рекол, се уште може да биде професионален спортист.
„Крајниот рок за пензионирање, во мојата глава е јуни 2023 година. Тоа е максимумот, но би можел и порано да заминам во пензија, можеби за четири месеци, кога ќе ми заврши договорот. Договорот со клубот ми истекува на крајот од сезоната и доколку не го продолжам, тука е биде крајот на мојата голманска кариера. Не знам дали ќе се случи тоа, не зависи само од мене. Нема да бидам изненаден доколку не го продолжам договорот, научив дека во животот ништо не е сигурно“, рекол Буфон.
Џиџи Буфон оваа сезона бранел на десет натпревари за Јувентус.