Легендите на италијанскиот фудбал Паоло Канаваро и Франческо Тоти на „Инстаграм“ говореле за поранешниот соиграч од репрезентацијата Џанлуиџи Буфон. Голманот не им се дава на годините и во 42 година од животот тој се уште е активен, нема намера во блиска иднина да стави крај на кариерата.
Светскиот првак со Италија во 2006 година би можел да го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2021 година, Тоти и Каваро сметаат дека тој ќе остане во фудбалот и некоја сезона подолго.
„Ти велам, Џиџи има намера да игра фудбал и на 50 години. Меѓутоа тој може да игра уште две-три сезони, без оглед на тоа дали ќе брани или ќе биде резерва“, му рекол Тоти на Канаваро.
„Знаеш тој нема да сака да престане, тие ќе мора да го натераат да го стори тоа“, рекол Канаваро.
Буфон кариерата ја започна во Парма, а во Јувентус се пресели во 2001 година. Сезоната 2018/2019 ја мина во Пари Сен Жермен, а на почетокот на оваа се врати во Јувентус за да му биде резерва на Војчех Шчесни.