Top Sport

Буфон ќе му биде резерва на Тер-Штеген во Барса?

По се изгледа легендарниот италијански фудбалски голман, Џанлуиџи Буфон е цврсто решен да ги менува клубовите се додека не го крене пехарот во Лигата на шампионите.

Во Јувентус тренерот Андреа Пирло е пред отказ, а екипата од Торино можно е наредната сезона воопшто да не настапува во елитното натпреварување.

43-годишниот чувар на мрежата објави дека следната сезона нема да е во Јувен но тоа не значи дека ќе се пензионира.
Италијанските медиуми пишуваат дека можно е тој да направи трансфер во Барселона. Тимот од Каталонија е во финансиски проблеми, планираат да направат тим без трошење на многу пари, па затоа веќе го доведоа Ерик Гарсија од Манчестер Сити – без отштета.

Според пишувањата, Џиџи Буфон би дошол на „Ноу Камп“ како резерва на Марк Андре Тер-Штеген, а Бразилецот Нето би бил продаден.

Буфон играше со Нејмар во ПСЖ, со Роналдо во Јуве, следува ли предизвик со Меси во Барса?

Scroll to Top