Џанлуиџи Буфон се појави во јавноста првпат како голман на Пари Сен-Жермен ветувајќи дека и на 40 години ќе покаже дека е голем.
„Пристигнав во Париз со момчешки ентузијазам. Вистина е дека личната карта не лаже, но енергијата е тука. Возбуден сум од мојата нова авантура и почувствував одлична атмосфера и магијата на Париз“, изјави на француски поранешниот капитен на Јувентус и на италијанската репрезентација.
Тој признава дека повикот од ПСЖ во мај бил изненадување за него, иако планирал „поинаква иднина“.
„Внатре во мене секогаш имав амбиција и надеж дека ќе продолжам со фудбалот. За кого ќе навивам на СП? Сега, Бразил веќе е елиминиран, така што тука е Франција“, изјави Буфон, кој потпиша договор на една година со опција за уште една.
Буфон беше пречекан од стотина најверни фанови на ПСЖ со песна и аплаузи.
Фото: ЕПА
?? @gianluigibuffon meets the PSG faithful outside the Parc des Princes!! ?#OneOfUs ?? pic.twitter.com/UVTJGhbdUt
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 9, 2018
A special day for a legend and for the club.@gianluigibuffon takes his first steps at the Ooredoo Training Center ?#OneOfUs pic.twitter.com/Q39fNRQaBq
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 9, 2018