Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон потврдил дека ова ќе биде негова сезона и дека ќе се пензионира по завршувањето на мундијалот во Русија. Одлуката може да ја смени само доколку Јувентус сезонава ја освои Лигата на шампионите, трофеј што никогаш не го освоил.
„Мислам дека донесов добра олука. Не се грижам за иднината и мојот живот по фудбалот. Со она што претстои, ќе се соочам со ентузијазам и љубопитност“, рекол голманот кој во понеделникот од ФИФА ја доби наградата за најдобар голман во 2017 година.
„Мислам дека не можам ништо повеќе да додадам или да одземам на сѐ она што го постигнав. Единствено, би можел да се премислам доколку ја освоиме Лигата на шампионите. Веднаш би рекол: ’ОК, сега одиме да го освоиме клупското светско првенство’. Можеби Шчесни би играл на еден, а јас на друг натпревар. Не знам. Со таков голман кој е тука во клубот нормално е да му го препуштам местото“, дополнил Буфон.