Top Sport

Буфон признава: Едвај спијам поради ЦР7

Капитенот на Јувентус, Џиџи Буфон признава дека идејата дека треба да се игра против Кристијано Роналдо и Реал Мадрид во Лигата на шампиони му дава „бессони ноќи“.

Првиот меч од четврт-финалето се игра во Торино во вторник, во првиот меѓусебен дуел откако во минатогодишното финале во Кардиф, „Лос бланкос“ стигнаа до 4:1 победа и до трофејот.

„Ова е судир кој многу ни значи, но знаеме дека имаме многу тешкотии и дека играме против тим кој историски е посилен од нас и во кој има неверојатни индивидуалци. Но, се играат два меча и не победуваат секогаш најталентираните. Ако успееме да бидеме подобри од нив тоа ќе биде неверојатно. Кога играте против Реал Мадрид, еден играч не значи многу, но сепак, знаејќи дека ќе се соочам со Кристијано добивам многу нессони ноќи“, вели ветеранот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top