Холандскиот репрезентативец Матијас Де Лихт рекол дека се чувствувал како дете во продавница за слатки кога прв пат влегол во соблекувалната на Јувентус. Де Лихт минатото лето од Ајакс се пресели во редовите на „старата дама“ од Торино. Сезонава одиграл 27 натпревари на кои постигнал два гола.
„Во клубот ми кажаа дека се свесни дека сум млад, но дека го реализирале трансферот бидејќи знаеле дека можам да се изборам со притисокот. Ми порачаа дека знаат дека ќе ми биде тешко на почетокот. но дека знаат дека ќе изборам место во тимот“, рекол 20 годишниот фудбалер.
Тој се присетил на моментот кога прв пат влегол во соблекувалната на Јувентус.
„Се чувствував како дете кога ќе влезе во продавница за слатки. Тука беа Буфон, Роналдо…Два месеци ми беа потребни да се соземам.“
Неодамна Де Лихт изјави дека е подготвен да остане десет години.