Top Sport

Буфон се извини на фановите на Јувентус

Џанлуиџи Буфон им се извини на навивачите на Јувентус, откако тимот не ги поздрави навивачите по 0:1 поразот од Наполи во неделата, со што ја искомпликуваа трката за титулата во Серија А.

Клучниот домашен пораз ги донесе Наполи на еден поен од Јувентус, и играчите на Јуве очигледно разочарани, кратко останаа на теренот и не аплаудираа на публиката. По ова група на фанови на Јуве присуствуваа на тренингот во средата барајќи одговор за однесувањето, иако тие имаа време да честитаат на играчите на Наполи.

„Важно е да сте тука и имавте право што дојдовме. Сакаме да бидете горди на нас. Не сопревме да ве поздравиме против Наполи бидејќи бевме многу лути, а отидовме да зборуваме со противниците бидејќи тоа е навика, без разлика на поразот или победата. Не застанавме до ’Курва’ бидејќи бевме разочарани. Згрешивме“, им кажал Буфон на навивачите според „Кориере дела сера“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top