Пари Сен Жермен, по завршувањето на сезоната, ќе за разделат со голманот Џанлуиџи Буфон, пишува „Лекип“.
Според овој извор, во клубот имале намера да ја продолжат соработката со 41-годишниот голман, меѓутоа се премислиле по елиминацијата од Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед.
Буфон, со лошата реакција им го подари вториот гол на Манчестер Јунајтед, за предност на „црвените ѓаволи“ 2:1.
Подцна и Маркус Рашфорд постигна гол од пенал, со кој ПСЖ беа елиминирани.