Top Sport

Буфон во 1999 го освои Купот со Енрико Кијеза, во 2021 со неговиот син Федерико

Џиџи Буфон со трофејот во Купот на Италија се збогува со Јувентус. Ветеранот, синоќа, со своите одбрани даде голем придонес во победата над Аталанта 2:1.

Буфон ќе го напушти Јувентус со 21 освоен трофеј. Легендата влезе во историјата со едно неверојатно остварување.

Џиџи Буфон како тинејџер, со Парма, го освои својот прв трофеј во Купот. Во таа 1999 година, во финалето против Фиорентина, негов соиграч беше Енрико Кијеза, 22 години подоцна тој овој трофеј го подигра заедно со синот на Енрико, Федерико Кијеза.

Scroll to Top