Top Sport

Бугарска фудбалска трагедија!

Поранешниот бугарски фудбалер Марио Метушев го убил својот најдобар пријател со нож по што се обидел да се самоубие шокирајќи ја јавноста во Бугарија.

39-годишниот Метушев, кој има над 200 настапи во бугарската прва лига како фудбалер на Пирин Гоце Делчев, Пирин Благоевград, Ботев, Черно Море и Черноморец, според „Топ прес“ влегол во расправија со својот пријател Краси Колџиев-Ѕембо пред неговиот дом, по што со нож го заклал. Кога сфатил што направил, тој го свртел ножот кон себеси и се наоѓа во болница во сериозна состојба.

39-годишниот Метушев последните две години беше тренер на локалниот нисколигаш Места Хаџидимово.

Scroll to Top