Бугарски државјанин смртно страдал во Солун, во навивачка пресметка пред почетокот на градското дерби Арис-ПАОК.
28 годишникот со уште двајца пријатели биле нападнати од хулиганите на ПАОК. Бугарските државјани биле навивачи на Ботев од Пловдив. Навивачите на овој клуб се збратимени со навивачите на Арис.
Трагичниот инцидент се случил во центарот на Солун кога Бугарите биле нападнати од хулиганите на ПАОК. Несреќниот навивач паднал на улица кога го прегазил автомобил. Обдукцијата ќе покаже дали тој починал од ударот на автомобилот или претходни бил мртов.
Неговите двајца пријатели се здобиле со лесни повреди.
Полицијата во врска со овој немил инцидент притворила 14 навивачи на ПАОК.
Инаку дербито им припаднал на фудбалерите на Арис (4:2).