Top Sport

Бундеслига: Први сезонски победи за Борусија (М) и за Херта

Екипата на Борусија Менхенгладбах вечерва на домашен терен со 3-1 славеше прва сезонска победа против тимот на Арминија Билефилд во рамки на четвртото коло во Бундеслигата.

Предводени од расположениот Стиндл, стрелец на два гола во 35 и во 69 минута домашните успеаја да го валоризираат големиот посед на топката што го имаа на мечот. Третиот гол за екипата од Менхенгладбах беше дело на Закарија во 72 минута, додека гостите од Билефилд единствениот погодок на мечот го постигнаа во самиот финиш на првото полувреме преку Окугава.

Првиот сезонски триумф денеска попладне го забележа и екипата на Херта од Берлин. „Сино-белите“ триумфираа нагости кај Бохум со 3-1 откако претходни доживеа три неуспеси во првите 3 кола.

Сердар со двата гола за само 6 минути (37-ма и 43-та) во првиот дел ја наговести победата на берлинскиот тим, а Маолида во 78 минута само стави точка на триумфот откако претходно домашниот играч Зелер во 59 минута намали на 1-2.

Scroll to Top