Top Sport

Бундеслигата уште е најпосетената европска лига

Германската Бундеслига има најголема просечна посета во Европа минатата сезона, повторно победувајќи ја англиската Премиер лига, објави ЕПФЛ (Европската организација на лиги).

Просечно германските клубови имале посета од 40.693 гледачи, во споредба со 35.838 за Англија, 27.609 за шпанската Ла лига, 22.177 за Серија А во Италија и само 21.202 за француската Лига 1.

Русија, каде што ќе се одржува Светското првенство следната година има скромни 11.415 гледачи по натпревар, веднаш зад Португалија со 11.838.

Македонската лига не е во извештајот на ЕПФЛ, иако сигурно не можеме да се посетиме со голем просек, иако споредбено и другите источноевропски фудбалски пазари се сиромашни – Украина со 4.665, Романија со 2.783 и Србија со само 2.233 гледачи по натпревар.

Иако Бундеслигата ги има најдобрите бројки, ова е пад од сезоната 2011/12, кога имаше просечно 44.293 гледачи. Во истиот период лигата беше под критики поради доминацијата на Баерн Минхен со пет титули во низа.

Англија може да се пофали дека има најполни стадиони со просек од 96.5 отсто, во споредба со Германија со 64.7 отсто.

Scroll to Top