Top Sport

Бурнемаут е 28. најбогат клуб на светот?

„Делоит“ ја објави својата годишна проценка на најбогатите фудбалски клубови во 2018 година, на која доминираат англиските клубови, а Бурнемаут, тим кој до пред пет години играше во англиската трета лига дебитира на 28. место.

Во првите 10 нема изненадувања, со Манчестер јунајтед како најбогат клуб на светот (581.2 милиони фунти), пред шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а во топ 10 се и Баерн Минхен, Манчестер сити, Арсенал, Пари Сен-Жермен, Челси, Ливерпул и Јувентус. Јунајтед се втора година едноподруго на врвот благодарение на 44.5 милиони евра кои ги добија за трофејот од Лигата на Европа.

Сепак, во топ 20 има и клубови како Вест Хем и Саутемптон, со што се покажува важноста на ТВ договорот кој го имаат клубовите од англиската Премиер лига, а најавите се дека следниот договор ќе биде уште поголем.

Иако „Делоит“ не ја објави листата од 21 до 30, потврди дека има уште четири англиски клубови на оваа листа, вклучувајќи го и Бурнемаут, тим кој има стадион од 11.000 седишта.

ТОП 20 НАЈБОГАТИ КЛУБОВИ

1.Манчестер јунајтед, 581.2 милиони фунти

2.Реал Мадрид, 579.7 милиони фунти

3.Барселона 557.1 милиони фунти

4.Баерн Минхен, 505.1 милиони фунти

5.Манчестер сити, 453.5 милиони фунти

6.Арсенал, 419 милиони фунти

7.Пари Сен-Жермен, 417.8 милиони фунти

8.Челси, 367.8 милиони фунти

9.Ливерпул, 364.5 милиони фунти

10.Јувентус, 348.6 милиони фунти

11.Тотенхем, 305.6 милиони фунти

12.Борусија Дортмунд, 258.8 милиони фунти

13.Атлетико Мадрид, 234.2 милиони фунти

14.Лестер сити, 233 милиони фунти

15.Интер, 225.2 милиони фунти

16.Шалке, 197.8 милиони фунти

17.Вест Хем, 183.3 милиони фунти

18.Саутемптон, 182.3 милиони фунти

19.Наполи, 172.5 милиони фунти

20.Евертон, 171.2 милиони фунти

Битка за ТВ правата во Премиер лигата, тимовите тријат раце

Делојт: Јунајтед подобар од Реал за 1,7 милиони евра

Scroll to Top