Top Sport

Бувач контра Клоп: Јас бев тренер 17 години на негово место!

Поранешниот помошник на Јирген Клоп, Жељко Бувач влезе во остар напад на менаџерот на Ливерпул, велејќи дека во 17-годишното партнерство тој ја вршел главната работа, а Клоп ги заработил пофалбите.

Клоп и Србинот од Босна и Херцеговина, Бувач, претходно работеа заедно во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, и самиот Клоп го нарекуваше Бувач „Мозокот“ пред тој да замине од „Енфилд“ во април 2018.

Во интервју со рускиот новинар Нобел Арустамјан, Бувач не бираше зборови.

„Јас ја вршев тренерската работа, освен интервјуата. Се чувствував како јас да бев менаџер тие 17 години. Ги имав сите функции и се обидував да влијаам на мојот тим и да помогнам да успее, но не ми требаше тоа внимание кое го добиваше тој“, вели Бувач.

Тој во моментов работи како спортски директор на рускиот клуб Динамо Москва и вели дека преферира да биде во позадината и дека не „плаче“ за внимание.

„Во моментов не сакам да сум тренер. Кога ќе ме викнат Барселона ќе размислам, но дотогаш не планирам такво нешто. Не чекам подобра шанса и одбив многу атрактивни понуди последните години. Не ви кажувам кои тимови ми се јавија“, додава Бувач.

Scroll to Top