Top Sport

ЦАС му ја потврди казната на Жером Валке

Судот во Лозана, ја потврди одлуката на Комисијата за жалби на ФИФА и соопшти дека забраната од десет години и паричната казна од 100.000 швајцарски франци „се соодветни со стореното дело“.

„Валке кој беше потпретседател на ФИФА во периодот кога претседател беше Сеп Блатер, бил вклучен во прет продажбата на билети за Светското првенство и прекршил и други етички кодекси“, објави ЦАС.

Етичкиот комитет на ФИФА, во 2016 година поради вршење на нелегални активности, му врачи отказ на Валке.

Французинот ги негираше сите обвинувања, меѓутоа ЦАС сами ја потврди претходно изречената казна.

Scroll to Top