Интер официјално му го продолжи договорот на својот капитен, голманот Самир Хандановиќ, кој ќе ја игра и својата 11-та сезона на голот на „нераѕурите“.
37-годишниот словенечки голман пристигна во Интер од Удинезе во 2012 година, и оттогаш има 439 настапи за клубот, освојувајќи титули од Серија А, Копа Италија и Суперкупот на Италија.
„Пресреќен сум и горд што сум капитен на Интер. Во овие 10 години пораснав како фудбалере и како играч, а многу работи се сменија во клубот – играчи доаѓаа и си заминуваа, исто како и тренери, но најважно е да се движиме напред“, изјави Хандановиќ.
Ten years… and counting!
Samir Handanovic has officially extended his Inter contract ✍️⚫?#ForzaInter pic.twitter.com/m4xqvucM9h
— Inter (@Inter_en) July 9, 2022