Top Sport

Цела деценија постигнува најмалку 40 гола во една сезона

Најдобриот играч и стрелец на Барселона, Лионел Меси, десет сезони по ред постигнува најмалку 40 гола. До овој рекорд Аргентинецот дојде во саботата кога против Еспањол постигна два гола.

Меси (31) досега има постигнато 41 гол во сите натпреварувања, а бидејќи до крајот на сезоната има уште максимум 15 натпревари, јасно е дека тој ќе го подобри голгетерскиот ефект.

Во изминатата деценија најефикасна сезона на Меси е 2011/2012 кога постигнал 73 гола, а најмалку во сезоните 2013/2014 и 2015/2016 кога постигнувал по 41 гол.

Лионел Меси оваа сезона има одиграно 27 натпревари во првенството, на кои постигнал 31 гол, два гола постигнал во Купот на Кралот и шест во Лигата на шампионите.

Scroll to Top