Јери Мина го комплетираше трансферот од 12 милиони евра во Барселона од бразилскиот тим Палмеираш, како второ засилување на Каталонците по Филип Кутињо, радувајќи ги сите во Колумбија.
Yerri Mina takes off his shoes and steps barefoot on Camp Nou pitch at his unveiling, in order to obey to what Byble says “You will touch with naked feet the ground you want to conquer”.
This story is promising… pic.twitter.com/1EgWc8Xgg4— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) January 13, 2018
Промоцијата на 23-годишниот дефанзивец во саботата попладне ја следеа 8.000 фанови на „Ноу Камп“, додека во неговиот роден град Гуачене во Колумбија се собраа речиси сите жители со знамиња и фотографии од Мина.
Инаку, дефанзивецот Мина го доби своето име Јери бидејќи неговата мајка го сакала цртаниот филм „Том и Џери“.