Фудбалерите на Будуќност веќе ја обезбедија шампионската титула во Црна Гора но како стојат работите мали се шансите да ги одиграат последните пет кола.
Причината за ваквото сценарио е таа што еден фудбалер на клубот од Подгорица бил позитивен на коронавирусот. Поради позитивниот тест на фудбалерот целиот тим на Будуќност мора да биде две недели во изолација.
Инаку сите во Будуќност биле тестирани и ги чекаат резултатите, но медиумите во земјата го поставуваат прашањето што ќе биде си фудбалерите на Ком и Петровац последните две екипи против кои играше новиот шампион на Црна Гора.
Инаку на пет кола до крајот на сезоната Будуќност има 18 поени повеќе од Сутјеска.