Top Sport

Целиот тим на Лацио е во карантин

Фудбалерите на Лацио од денес се наоѓаат во карантин, откако во клубот има повеќе заразени со коронавирусот. Клубот не објави колку играчи и членови на струшниот штаб се позитивни на Ковид-19.

Лацио, во средата, без „пола тим“ гостуваше кај Бриж во Лигата на шампионите. Меѓу другите во Бриж не патуваа членовите на првиот тим Чиро Имобиле, Луис Алберто, Мануел Лазари, голамнот Томас Страхоша…

Лацио утре треба да гостува кај Торино, а во вторник кај Зенит во Лигата на шампионите. Барем засега нема информации од Серија А и од УЕФА дека натпреварите на овиј клуб ќе бидат одложени.

Scroll to Top