Селекторите на репрезентациите што ќе учествуваат на Светското првенство во Русија направија неколку големи изненадувања во составите на своите тимови, поради што во Русија нема да бида присутни неколку големи ѕвезди на светскиот фудбал. Лирој Сане, Раџа Наинголан, Кристијан Бентеке, Мауро Икарди, Алваро Мората, Александар Лаказет…нема да го „видат“ мундијалот.
Изборт на селекторите им направи големи проблеми на колекционерите на сликичките. Компанијата „Панини“, во својот албум за Светското првенство, ги погоди составите на само пет репрезентации, а дури 92.фудбалери што се наоѓаат во албумот нема да играат на Светското првенство.
„Панини“ го погоди составите на Сенегал, Шведска, Панама, Перу и Мексико, а најголема грешка направи кај Јужна Кореја, бидејќи селекторот на оваа репрезентација, „отпиша“ седум играчи од составот што го презентираше „Панини“.
Големи промашувања „Панини“ направил и во составите на Саудска Арабија, Србија, Франција, Уругвај, Русија и Тунис.
Шестмина репрезентативци на Саудиска Арабија што се наоѓаат во албумот не се повикани за настап на мундијалот, како и петмина Срби, Уругвајци, Французи, Руси и Тунижани.