Top Sport

Чаби Алонсо е новиот тренер на Б-тимот на Реал Сосиедад

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Чаби Алонсо ја доби својата прва тренерска работа, откако Реал Сосиедад потврдија дека тој е новиот тренер на Б-тимот.

Алонсо се пензионираше пред две години, и сега се враќа во тимот во кој ја започна својата блескава кариера пред 20 години.

„Пресреќен сум што ќе помогнам да се гради иднината на Реал. Презадоволен сум што се враќам дома. Имаше многу причини за враќање, спортски и лични. Како фудбалер сакав да се подготвувам да ги контролирам мечевите, а како тренер сакам мојот тим да биде динамичен и да се прилагодува на секоја можност. Во минатото работев со одлични тренери и научив многу од нив, но секој си гради свој стил. Ла Реал е најдоброто место за мене. Сега сум дома“, вели Алонсо.

Scroll to Top