Top Sport

Чаби Алонсо: Роналдо ќе биде најдобар кога ќе биде најпотребно

Чаби Алонсо верува дека Кристијано Роналдо ќе биде најдобар кога ќе биде најпотребен за Реал Мадрид, и посочува дека трката за титулата во Ла лига уште не е завршена.

Роналдо има само еден лигашки гол во осум меча оваа сезона, а Мадрид се на 10 поени зад вечните ривали Барселона. Алонсо, кој се пензионираше на крајот на минатата сезона, вели дека потпросечната сезона ќе стане подобра.

„Немам сомнеж дека кога ќе дојдат клучните моменти од сезоната, Роналдо ќе биде таму. Тој беше фантастичен на крајот на минатата сезона и најдобар кога беше најпотребно. Роналдо сака натпреварувања и е мотивиран да биде најдобриот“, вели Алонсо.

Алонсо, кој освои титула од ЛШ и од Ла лига со Реал Мадрид има целосна доверба во Зинедин Зидан и неговите момци.

„Има уште многу до крајот на сезоната и состојбата на табелата може да се смени многу бргу. Сега, разликата е голема, но Барселона ја чекаат тешки натпревари. Треба да дојдат и на ’Сантијаго Бернабеу’ и тоа може да биде клучно“, додава Алонсо.

Scroll to Top