Капитенот на фудбалерите на Реал Сосиедад, Чаби Прието, на крајот од сезоната ќе ја заврши 18 години долгата професионална кариера.
Целата своја кариера Чаби прието ја миннува во дресот на Реал Сосиедад, а дел од првиот тим е веќе 14 години.
„На неговиотталент засекогаш ќе се сеќава целата фамилија на Сосиедад. Ти благодариме Чаби“, се наведува во соопштението на баскискиот клуб.
Овој 34-годишен фудбалер за Реал Сосиедад има одиграно вкупно 511 натпревари на кои постигнал 80 гола.
Според бројот на одиграни натпревари за екипата од „Аноета“, на вечната листа се наоѓа на петтото место.