Еден од најдобрите фудбалери на Милан, од почеткот на сезоната, Хакан Чалханоглу, можено е во јануари да го напушти клубот. Турскиот репрезентативец има договор со Милан до крајот на сезоната, а преговорите околу новиот договор не мрднале од почетната точка.
Финансиските барања на Чалханоглу се преголеми за Милан, поради што клубот ќе мора да го продаде својот фудбалер во зимскиот преоден рок. Менаџерот на Чаханоглу бара за својот клиент годишна плата од 6.500.000 до 7.000.000 евра, односно тој според приходите да биде во рангот на Златан Ибрахимовиќ и Џиџи Донарума.
Милан едноставно нема буџет за да може да издвои толкава сума за платата на Чалханоглу.
Наводно, доколку Турчинот не потпишен нов договор, тогаш во игра би влегол Манчестер Јунајтед. Оваа информација на италијанските медиуми сепак е во ранг на шпекулации бидејќи речиси секој фудбалер во Европа се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“.
Милан за 26-годишниот фудбалер, во 2016 година на Баер Леверкузен им платија 20.300.000 евра. Чалханоглу за Милан има одиграно 137 натпревари, постигнал 27 голови и забележал 40 асистенции.