Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека нема теорија клубот да го продаде Френки де Јонг ова лето, оценувајќи дека Холанѓанецот е играч за иднината и може да стави траг на „една ера во клубот“.
Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг е голем фан на неговиот холандски сонародник, зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер, а претходно за услугите на Де Јонг беа многу заинтересирани во Баерн Минхен.
24-годишниот Де Јонг имаше спор старт на кариерата на „Ноу Камп“, но ја врати најдобрата форма по ангажирањето на Чави, постигнувајќи седум асистенции.
„Френки е многу важен фудбалер за мене, за тимот и за клубот. Тој е фудбалер кој треба да одбележи ера со својот квалитет и својот карактер. Од моето пристигнување, тој е на високо ниво во секој натпревар и верувам дека во иднина може да стане еден од најдобрите фудбалери во средината на теренот“, вели Чави за „Ел мундо депортиво“.